мини|десно|200п|Лого на ЦОР 17 Цел за одржлив развој 17 (скратено ЦОР 17) — седумнаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „партнерство за остварување на целите“. Официјалниот текст гласи „зајакнување на средства за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој“.„Цели за одржлив развој “. Регионален центар за животна средина.Sustainable Development Goal 17. United Nations. Целта има 17 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година. Потцелите се поделени во пет категории, и тоа: финансии, технологија, развој на капацитетите, трговија и системски прашања. Напредокот кон постигнување на потцелите се мери со помош на 25 показатели.

Партнерството за одржлив развој се однесува на потребата за меѓусекторска и прекугранична соработка во потрага по исполнување на сите цели до 2030 година. Тоа исто така е повик за земјите да ги усогласат политиките. ЦОР 17 претставува визија за подобрена и поправична трговија, како и координирани инвестициски иницијативи заради промовирање на одржлив развој. Целта се однесува на зајакнување и поттикнување соработка меѓу земјите — како развиени, така и во развој — со помош на Целите за одржлив развој како споделена рамка и визија за обликување на таквата соработка. Понатаму, целта предвидува поддршка на меѓународната трговија и помош на земјите во развој да го зголемат својот извоз и осигураат сеопфатен правичен трговски систем којшто се заснова на правила и е чесен, отворен и корисен за сите.

Наводи

17