Фрајбург (службено: Фрајбург/Елба; ; долногермански: Fryborg) — општина во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордкединген.
Географија Местоположба
Општината се наоѓа на југозападниот брег на реката Елба. Од градот Штаде е оддалечен 27 километри, додека од градот Куксхафен се наоѓа 40 километри. На спротивниот брег на реката Елба се наоѓа Гликштат, со кој е поврзан со ферибот.
Соседни општини
На спротивниот брег на Елба се наоѓаат општините во Шлезвиг-Холштајн, Брокдорф и Вевелсфлет. На истиот брег се наоѓа Вишхафен на југоисток, Едеркварт на југ и Крумендајх на запад.
Општински единици
Кон општината Фрајбург припаѓаат следниве места:
Алверден Шеневорт
Покрај овие места, во општината влегуваат имотите Алверденердајх, Еш, Курцененде, Лак, Лангенхоф, Нојенштеден, Рутенштајн, како и делови од Штеленфлет.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Штаде (округ)