Појадок на трева () – слика масло на платно од Клод Моне насликана во 1865-1866 година, направена како одговор на дело со истиот наслов од Едуар Мане. Останала незавршена, но два големи фрагменти денес се наоѓаат во Музејот Орсе во Париз, додека помала верзија од 1866-1867 година денес се наоѓа во Музејот Пушкин во Москва.
На сликата Моне го прикажал и сликарот Гистав Курбе.
Опис На целата слика се прикажани дванаесет луѓе. Облечени се по париска мода која тогаш била популарна. Тие се на пикник во блиската шумска полјана. Сите се собрани околу бел чаршаф на кој има храна – овошје, колачи и вино. Амбиентот во оваа природна средина главно е создаден од играта на светлината и сенката, која се должи на листопадното дрвно над нив.
Поврзано
Појадок на трева (Моне, Москва)
Надворешни врски Catalogue entry , Musée d'Orsay
Категорија:Слики во музејот Орсе Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Слики од 1866 година Категорија:Незавршени слики