Тајрон Мингс (роден на 13 март 1993 година, во Бат) е англиски фудбалер, на и на англиската репрезентација.
Животопис Тајрон е син на Ејди Мингс, поранешен на нисколигашите Бат Сити и Глучестер Сити, кој во моментов работи како скаут во Челси.
Тој има своја фудбалска академија во Бирмингем, Англија, наречена The Tyrone Mings Academy.
Технички одлики Централен дефанзивец, кој често во кариерата бил користен и како бек. Мингс е природен левак, физички силен, а меѓу најголемите квалитети во играта му се навремените затворања на противнички играчи и играта во воздухот.
Клупска кариера Почетоци Својата фудбалска кариера Мингс ја започнал во 2001 година, кога на осумгодишна возраст му се приклучил на . Сепак, во 2009 година тој бил ослободен од клубот и потоа се приклучил на академијата на Бристол Роверс. По завршувањето на средното училиште тој потпишал договор со нисколигашот Јејт Таун, а во летото 2012 размислувал да се откаже од фудбалот пред на крајот да потпише за Чипенам Таун, со кој настапувал во Јужната фудбалска лига. Додека играл фудбал во ниските дивизии тој паралелно работел како барман и хипотекарен советник.
Ипсвич Таун thumb|left|Мингс играјќи за Ипсвич Таун во 2014 Во 2013 година, по краток период на проба Мингс потпишал за Ипсвич Таун, за сума од 10.000 фунти и договор според кој Ипсвич требало да одигра претсезонски пријателски натпревар против Чипенам. Трансферот на младиот одбранбен играч му донел голем скок во играчката кариера префрлајќи се од седмото ниво на англискиот фудбал во второто, познато под името Чемпионшип. На 4 мај 2013, Мингс го направил своето деби за Ипсвич против во последното коло од сезоната 2012-2013. Следната сезона, тој бил вклучен многу повеќе играјќи на две позиции како централен дефанзивец и лев бек и забележал вкупно 18 натпревари за екипата од Портман Роуд, вклучувајќи 16 во Чемпионшип и 2 во ФА Купот.
Своето место во почетната постава на Ипсвич, Мингс го дочекал во сезоната 2014-2015, под водството на менаџерот Мик Мекарти. Така, тој се утврдил како прва опција на позицијата лев бек, откако во текот на летото 2014 клубот го напуштил Арон Кресвел, кој играл на таа позиција во претходната сезона. На 24 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол за Ипсвич Таун во победата со 4-2 на домашен терен над Бирмингем Сити. По одличната сезона во која одиграл 42 натпревари во лигата (вклучувајќи ги и двата во плејофот за промоција во кој Ипсвич загубил од Норич Сити) и 2 во ФА Купот, Мингс го привлекол вниманието на неколку клубови од Премиер лигата.
АФК Борнмут thumb|right|Мингс (со број 26) со соиграчите од во натпревар против во март 2017 На 26 јуни 2015, Мингс потпишал четиригодишен договор со новопромовираниот клуб во Премиер лигата, Борнмут, во трансфер вреден околу 11 милиони евра. Своето деби во Премиер лигата за Борнмут го направил на 29 август 2015 во ремито 1–1 против Лестер Сити. Сепак, тој се здобил со повреда на коленото само шест минути подоцна откако влегол во игра како замена на полувремето. На 3 септември 2015 година, било потврдено дека повредата на Мингс била тешка и дека тој ќе отсуствува од терените најмалку од 9 до 12 месеци.
По речиси година и половина пауза, тој го направил своето враќање на терен во поразот со 3-0 од Милвол во третото коло од ФА Купот на 7 јануари 2017 година. На 8 март 2017 година, Мингс бил суспендиран од ФА на пет натпревари поради тоа што наводно намерно го згазил врз глава Златан Ибрахимовиќ во натпреварот против Манчестер Јунајтед претходниот викенд.
Откако во сезоната 2017-2018, одиграл само 5 натпревари поради нови проблеми со повреди, во средината на сезоната 2018-2019 Мингс бил позајмен на . Својот последен натпревар за Борнмут го одиграл на 30 декември 2018, влегувајќи како замена во последните осум минути од поразот со 4-1 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Иако поминал три и пол сезони во Борнмут, поради многуте повреди тој одиграл вкупно само 23 натпревари за црешите.
Астон Вила На 31 јануари 2019 година, Мингс и се приклучил на на заем до крајот на сезоната 2018-2019. Дебитирал за Вила на 2 февруари против ; во натпреварот Мингс бил предмет на контроверзии по инцидентот во кој тој му стапнал со копачката во лицето на напаѓачот на Рединг Нелсон Оливеира, по што Оливеира бил принуден да го напушти теренот со расекотини по лицето и носот. Мингс подоцна се извинил, инсистирајќи дека тоа не било намерно, а откако и судијата Џеф Елтрингам потврдил дека инцидентот бил случаен, против Мингс не биле преземени ретроспективни активности.
Мингс го постигнал својот прв гол за Астон Вила во својот втор натпревар за клубот, на домашен терен против Шефилд Јунајтед на 8 февруари 2019; во моментот пред тој да се впише во списокот на стрелците Вила губела со 0-3, а на крајот успеале да го изедначат резулатот и натпреварот завршил нерешено 3-3. Мингс направил серија импресивни настапи во Чемпионшип и набргу станал фаворит на навивачите и покрај неговото скорешно пристигање во клубот. Со враќањето во клубот на дотогаш повредениот Џек Грилиш, Астон Вила влегла во серија од 10 победи по ред, а во петтиот од тие десет натпревар победничкиот гол за Виланите го постигнал Мингс во успехот со 2-1 над . На 27 мај 2019 година, Мингс играл во финалето на плејофот на Чемпионшип, помагајќи и на Вила да го совлада Дерби Каунти со 2-1 на Вембли и да освои промоција во Премиер лигата, иако во завршницата од натпреварот бил заменет поради повреда.
На 8 јули 2019 година, Мингс потпишал траен договор со Астон Вила, откако клубот од Бирмингем го откупил играчот од Борнмут за 25 милиони евра. Во повратничката кампања на Вила во Премиер лигата, Мингс бил стандарден првотимец во тимот играјќи 33 натпревари (сите како стартер) на кој постигнал и 2 гола. Својот прв гол во Премиер лигата во кариерата го постигнал на 1 декември 2019, во ремито 2-2 против Манчестер Јунајтед, а на 21 јануари 2020 со својот втор гол за сезоната постигнат во петтата минута од судиското продолжение му донел победа на својот тим од 2-1 над .
На 21 септември 2020, Мингс потпишал нов четиригодишен договор со Астон Вила.https://www.avfc.co.uk/news/2020/september/Mings-pens-contract-extension/ Седум дена подоцна тој го постигнал својот прв гол за сезоната 2020-2021, во гостинската победа со 3-0 над во Премиер лигата.
Репрезентативна кариера Првиот повик во англиската репрезентација, Мингс го добил во август 2019 година, кога бил повикан во составот за квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 против и . Своето деби го направил во победата со 0-6 против Бугарија во Софија, играјќи го целиот натпревар.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 септември 2020.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 ЧЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 1 0 2013-2014 ЧЛ 16 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 18 0 2014-2015 ЧЛ 40+2Во плејофот. 1+0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 44 1Вкупно Испвич Таун 57+2 1 4 0 - - - - 63 1 2015-2016 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 2 0 2016-2017 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 9 0 2017-2018 ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 5 0 2018-јан. 2019 ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 7 0Вкупно Борнмут 17 0 6 0 - - - - 23 0 јан.-јун. 2019 ЧЛ 15+3 2+0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 18 2 2019-2020 ПЛ 33 2 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 27 2 2020-2021 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 2 0Вкупно Астон Вила 52 4 4 0 - - - - 56 4Вкупно во кариерата 128 5 14 0 - - - - 142 5
Титули Клупски Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026
Наводи
Надворешни врски
Тајрон Мингс на soccerway Тајрон Мингс на transfermarkt Тајрон Мингс на espn Тајрон Мингс на whoscored
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година