Основно училиште „Његош“ (официјално: Основно општинско училиште „Његош“ - Колонија; скратено: ООУ „Његош“) — централно основно училиште во скопското село Колонија, Општина Гази Баба.
Училиштето е именувано по црногорскиот владика и владетел Петар Петровиќ-Његош.
Историја
Училиштето било изградено во 1952 година. Училишната зграда е сместена во населеното место Колонија Идризово и претставува градежен објект од цврста градба која одговара на својата намена. Функцијата на соодветен објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.
Организација
Реонот на училиштето ја опфаќа територијата на месната заедница Колонија Идризово, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Дрма и Дунек.
Училиштето располага со околу 3000 м2 училиштен простор. Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Гази Баба Колонија Категорија:Колонија (село) Категорија:Основни училишта во Македонија