Штаде () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град и е дел од метрополитенската област Хамбург.

Географија Местоположба

Округот се наоѓа на јужниот брег на реката Елба, помеѓу градот Хамбург и устието на реката. Западната граница на округот е Осте, тесна притока на Елба. Областа помеѓу Осте и градот Штаде традиционално е позната како Кединген. Областа источно од Штаде е позната како Алтес Ланд (буквално „Стара Земја“). Има илјадници овошни дрвја.

Окрузи

Се граничи (од север надесно) со окрузите во Шлезвиг-Холштајн, Дитмаршен, Штајнбург и Пинеберг (сите на другиот брег на Елба, градот-држава Хамбург, како и со окрузите од Долна Саксонија, Харбург, Ротенбург и Куксхафен.

Историја

Округот Штаде бил основан во 1932 година со спојување на три претходни помали окрузи.

Грб

Грбот прикажува: замок, претставувајќи го Штаде како поранешно седиште на грофовите на Штаде клучот од грбот на Надбискупијата Бремен, на која областа припаѓала во минатото бел коњ, претставувајќи го Хановер и Долна Саксонија

Градови и општини

мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Штаде

ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Букстехуде Штаде Дрохтерсен Јорк 1. Апензен Апензен1 Бекдорф Зауензик 2. Фреденбек Дајнсте Фреденбек1 Кутенхолц 3. Харзефелд Алерштет Баргштет Брест Харзефелд14. Хорнебург Агатенбург Блидерсдорф Долерн Хорнебург1 Нотенсдорф 5. Лие Гринендајх Гудерхандфиртел Холерн-Твиленфлет Мителнкирхен Нојенкирхен Штајнкирхен1 6. Нордкединген Балје Фрајбург1 Крумендајх Едеркварт Вишхафен 7. Олдендорф-Химелпфортен Бурвег Диденбител Енгелшоф Есторф Гросенверден Хама Хајнбокел Химелпфортен1 Краненбург Олдендорф1седиште на општинската заедница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија