Петар Пепељуговски (роден во година во Прилеп - починал на година во ) — македонски партизан, припадник на работничкото и комунистичкото движење.

Животопис Петар Пепељуговски станал член на КПЈ во 1941 година, а во 1942 бил секретар на МК на КПЈ во Прилеп. Учествувал во НОБ (од 1941) како борец на Партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Бил член на III областен комитет, а во 1943 г. заменик комесар на III Оперативна зона на Македонија, политички комесар на чета и на XV Македонска НО бригада. Како воен раководител учествувал со XV македонски корпус на Сремскиот фронт. По Ослободувањето вршел одговорни функции во ЈНА: командант на воено подрачје, секретар за народна одбрана во Извршниот совет на СРМ, началник на Територијалната одбрана, генерал-мајор на ЈНА.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски генерали Категорија:Политичари од Прилеп