Драган Павловиќ (роден во година во - починал на година во Пјеновац, Босна) — југословенски партизан и комунистички деец.
Животопис
По завршување на гимназијата во 1926 година, Драган Павловиќ студирал на Техничкиот факултет во Белград и станал член на КПЈ во 1936 година. Работел во партиската техника и во Редакцијата на сп. „Наша стварност“, а по апсењето (1937) бил осуден на две години во затворите во Марибор и Митровица. По излегувањето, бил секретар на Црвената помош за Србија (од крајот на 1939) и секретар на Црвената помош на ЦК на КПЈ.
Бил учесник на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб, 1940година. По Априлската војна (1941), во својство на повереник и инструктор на ЦК на КПЈ, во два наврата престојувал во Македонија (јули и септември 1941), каде што соработувал со Лазар Колишевски во отстранувањето на Методија Шаторов - Шарло и формирањето на партизански одреди. Подоцна бил политички комесар на шумадискиот (крагуевачкиот) НОПО (од септември – 21. ⅩⅠⅠ 1941).
Загинал во борба со германските сили како политички комесар на Петтиот (белградски) НО баталјон на Првата пролетерска НОУБ. Прогласен е за Народен херој на Југославија во 1951 година.
Наводи
Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Југословенски партизани Категорија:Народни херои на Југославија