Турски Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува објект од римско време ,Штип.
Се наоѓа на излезот од селото, од левата страна на патот за Радање, во нивата на Фердо и Блаже Митеви и Дане Иванов. Со земјоделските работи биле наоѓани темели од ѕидови, поставени во различни правци, ѕидани од речен камен и кал, а покрај нив саѓи, парчиња од тегули, имбрекси и садови со една или две држалки работени на колце, по боја сивокафеави и црвеникави. Наодите им припаѓаат на станбени објекти од комплексот на античкиот град Баргала, Иван Микулчиќ ги поврзува со старохристијанска црква. Поврзано Бандера — каструм од римското време; Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар; Кадин Рид — осамен објект од римското време; Лскач — вила рустика од доцноантичкото време; Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време; Турски Гробишта — објект од римското време; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Козјак (Штипско)