Калимерово — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува населба од доцноантичко време Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069,. Десно од коритото на Брегалница, пред шталите на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Калимерово, се забележуваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, расфрлени на поголем простор. Темели од ѕидови на објекти се откриени и уништени уште во 1975-77 година со трасирањето на заобиколниот пат за Струмица. Според кажувањето на сопствениците на нивите, порано биле наоѓани бронзени монети и питоси.
Поврзано Калимерово — населба од доцноантичко време; Марков Камен — некропола од хеленистичко време; Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време; Паскова Чешма — осамен наод од римско време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ново Село (штипска населба)