Боро Мокров ( во Велес - во ) — македонски правник, публицист, припадник на комунистичкото и на студентското движење, политички работник и публицист, прв доктор по новинарство во Македонија.
Животопис
Боро Мокров бил активист на СКОЈ и член на КПЈ од 1939 година. Поради пројавените активности во КП и СКОЈ бил испратен во логорот Меѓуречје-Ивањица (Србија). По окупацијата работел на формирањето ќелии на КП во областа Азот, и во подготовките на партизанска база. Во 1942 г. бил секретар на СКОЈ, од декември 1942 г. до крајот на 1943 г. бил во затвор, а потоа во интернација. По враќањето од интернација, во 1944 г. станал политички комесар на одредот „Трајче Петкановски“ и на Осмата велешка бригада. По војната бил пратеник (неколку мандати) во Собранието на Македонија. Се занимавал со историјата на печатот и на новинарството во Македонија. Автор е на повеќе статии и монографии.
Библиографија Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство, Скопје, 1980; Збор, печат, време, Скопје, 1987; Весникот „Македонија“ на Коста С. Шахов, Радио Охрид, 1991.
Литература Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Скопје, 1980, 454-456.
Наводи
Категорија:Македонски публицисти Категорија:Правници од Велес Категорија:Политичари од Велес Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Југословенски политичари