Свети Атанасија — средновековна црква кај селото Белчишта во општина Дебрца. На околу 1 км источно од селото, јужно од патот Белчишта-Средорече и десно од коритото на Белчишка Река се забележуваат урнатини од мала еднокорабна црква. Според површинските остатоци, била градена од камен, бигор, тули и варов малтер, а според резултатите од една мала археолошка интервенција (1988 г.) и откривањето на фрагменти од живопис, внатрешноста на црквата била живописана.
Поврзано Белчишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
Наводи
Категорија:Белчишта