Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во селото Оризари, Општина Кочани.
Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.
Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Прибачево, каде се одвива настава во една комбинирана паралелка.
Историја
Училиштето прв пат почнало со работа во далечната 1912 година, во склоп на егзархиската гимназија во Кочани и до 1944 година наставата наизменично се менувала на бугарски (1912-1913, 1915-1918, 1941-1944) и српски јазик (1913-1915, 1918-1941). Низ историјата училиштето неколку пати го менувало името и тоа „Даме Груев“, „Св. Климент Охридски“ и од 1945 година го носело името „Маршал Тито“ сѐ до 1993 година кога по иницијатива на Министерството за образование, училиштето го добило името „Крсте Петков Мисирков“.
Во 2015 година била изградена училишната спортска сала. Салата била дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ на Министерството за образование и наука, финансиран од Владата на Република Македонија.
Досегашни директори Соња Иванова (13 јуни 2018-)
Особености
Во училиштето во Оризари има 11 универзални училници, 1 кабинет по техничко образование, 1 кабинет по информатика, 1 кабинет по музичко образование, 2 специјализирани училници за прво одделение, библиотека како и простор за наставни средства и помагала. Спортската сала е од површина од 1,250 м2. Има кабинети, гардероби и 500 седишта во публиката.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Прибачево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Оризари (Кочанско) Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Оризари Категорија:Појавено во 1912 година во Македонија Категорија:Појавено во 1912 година во Отоманското Царство Категорија:Основни училишта во Македонија