Благоја Колев ( година во — ) — македонски архитект и урбанист.
Животопис
Благоја Колев дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година, а докторирал во Белград во 1981 година. Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Тој бил редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа на архитектонско-урбанистичко проектирање е богато и разновидно. Учествувал во изработката на просторно-урбанистичките планови на Скопје. Се занимавал и со издавачка дејност и со сликарство.
Позначајни остварувања: Дом на култура во Куманово (1974); Стопанска банка во Скопје (1975) Хотел „Панорама” во Крушево (1978); Објект на НИП „Нова Македонија” (1985).
Наводи
Категорија:Македонски архитекти