Буххолц во Нордхајде () — најголем град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург.

Географија Местоположба

Буххолц во Нордхајде се наоѓа на источниот раб од Шварце Берге. Највисока точка во градското подрачје е Брунсберг со 129,5 метри.

Соседни општини

Буххолц се граничи на север со општината Розенгартен (и нејзините места Емзен, Нендорф и Екел), како и со местото Раде од општината Ној Вулмсторф, на исток со Јестебург и Ханштет, на југ со Ундело и Хандело, додека на запад со Тоштет, Какенсторф, Дрештет и Венцендорф.

Градски единици

Градот има вкупно 6 единици. Покрај самото градско јадро, градот има пет единици, кои поседуваат сопствен месен совет и месен претставник.

Градските единици (подредени по бројот на жители):

Буххолц (градското јадро) Рајндорф Вензен Бинзен Холм-Зепензен Зепензен Холм-Зепензен Холм Штајнбек Штајнбек Мајлзен Шпреце Шпреце Брумхаген Трелде Трелде Зирхоп Диберзен Диберзен Дангерзен

Клима

Климата во Буххолц е топла, со многу врнежи. Годишната просечна температура е 8,3 °C, додека паѓаат 745 mm врнежи просечно низ годината.

Историја

Во 1958 година, Буххолц ги добил своите градски права.

Во 1992 година, Буххолц бил погоден од мало торнадо, кое уништило многу дрвја и оштетило бројни куќи. Во 2002 година, температурата во Буххолц се искачила над 38 степени, што било севременски рекорд во областа.

Припојувања

На 1 јули 1972 година, општините Диберзен, Холм, Холм-Зепензен, Зепензен, Шпреце, Штајнбек и Трелде како и делови од распуштените општини Иценбител (Рајндорф) и Лилау (Холм-Зепензен) биле припоени кон градот во рамки на општинската реформа. Бројот на жители во градот се зголемил за 50%.

Население

(на 31 декември, освен ако не е поинаку наведено)

1821: 178 1871: 350 1905: 1.220 1925: 2.138 1939: 3.110 1945: 5.000 (приближен број) 1946: 6.003 1958: 7.523 1961: 8.574 (13.599 со подоцнежните места, попис на 6 јуни) 1963: 10.364 1968: 13.590 1970: 13.726 (19.677 со подоцнежните места, попис на 27 мај) 1972: 15.273 (22.620 со подоцнежните места, попис на 30 јуни)

Градот Буххолц во Нордхајде по припојувањата 1972: 22.620 (1 јули) 1975: 26.393 1998: 35.264 1999: 35.603 2000: 35.916 2001: 36.109 2002: 36.483 2003: 36.943 2004: 37.556 2005: 37.987 2006: 38.167 2007: 38.162 2010: 40.234 2012: 40.790 2014: 41.749 2016: 41.077

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори биле добиени следниве резултати:

Партии и листи 2001 2006 2011 2016 Места % Места % Места % Места CDU Демохристијански сојуз на Германија 14 45,3 17 32,0 12 32,0 12 SPD Социјалдемократска партија на Германија 13 22,3 8 26,0 10 20,1 8 GRÜNE Сојуз 90/Зелени 4 11,9 4 17,3 7 12,3 5 FDP Слободна демократска партија 5 10,0 4 7,7 3 12,2 5 LINKE Левица – 2,3 1 2,3 1 3,0 1 AfD Алтернатива за Германија – – – – – 9,1 2 Piraten Пиратска партија – – – 2,4 1 0,8 0 RRP Партија на пензионери – – – 1,2 0 – – BUB Листа BUB 1 2,0 1 – – – – IDA Листа IDA 1 1,6 1 – – – – UWG Независни – 4,6 2 5,5 2 – – BuLi Листа Буххолц – – – 5,7 2 9,9 4 Други Други – – – – – 0,6 0 неодредени – – – – – – 1** Вкупно 38 100 38 100 38 100 38 Излезност 52,4 % 55,5 % 58,5 %

Дополнително, самиот градоначалник е член на советот.

Градоначалник

Моментален градоначалник на Буххолц е Јан-Хендрих Резе (CDU).

Збратимени градови

Буххолц во Нордхајде е збратимен со следниве градови:

Кантеле, Франција (од 1975 г.) Волув, Полска (од 1996 г.) Јарвенпја, Финска (од 2005 г.)

Познати личности Матијас Волфес (р. 1961) — протестантски теолог и историчар Александер Мајер (р. 1983) — фудбалер Никијас Арнт (р. 1991) — велосипедист

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Харбург (округ)