Олмец - Кулиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува утврдена населба од железно време. Југоисточно од селото и источно од манастирската црква „Св. Петка“ се издига висок рид кој е дел од Петринска Планина. На јужната, северната и западната страна се спушта кон Велгошко Поле. На зарамнетиот простор на врвот има остатоци од четвртеста кула-набљудувачница, со надворешни димензии од 10 × 10 м, од која се зачувани северниот и јужниот ѕид, широки во основата по 1 м. По површината на теренот се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал. Поврзано Зад Кула — средновековна населба; Кале — тврдина од доцноантичкото време и средниот век; Котелица - Св. Никола — средновековна црква и некропола; На Лазој — некропола од римското време; Св. Димитрија — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Турски Гробишта — средновековна некропола; Чурила — средновековна некропола; Џамијата — средновековна црква; Велгошти; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Велгошти