C1 комплексот е белковински комплекс кој учествува во системот на комплемент. Тој е прва компонента од класичниот пат на активација на комплементот и е составен од C1q, C1r и C1s.
Структура
C1 комплексот е составен од 1 молекула на C1q, 2 молекули на C1r и 2 молекули на C1s, или C1qr2s2.
Функција thumb|Класичен и алтернативен пат на активација на комплементот. Активација на C1 комплексот го иницира класичниот пат на активација на комплементот. Ова се случува кога C1q се врзува за антиген-антитело комплекс. Антитела како IgM или одредени подкласи на IgG комплексирани со антигени имаат способност да го иницираат системот на комплемент: еден пентамерен IgM може да иницира активација, додека кај IgG се потребни неколку мономерни молекули.
Наводи
Категорија:Имунолошки систем