Павле Игновски - Секула ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис

Во 1941 година, тој активно се вклучил во Велес во разни незаконвски активности, особено во активностите за собирање и пренесување оружје, муниција и експлозивни материјали. Од 21 април 1942 година бил борец на Велешкиот народноослободителен партизански одред „Пере Тошев“, а од средината на мај до реорганизацијата на одредот на 22 септември 1942 година, бил негов командант. Потоа бил борец во Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ , на баталјонот „Страшо Пинџур” и на Вториот баталјон на Третата Оперативна Зона, а во 1944 година и борец на Втората, Петтата, Осмата и Деветтата македонска ударна бригада, каде што заземал функции од командир на чета до командант на бригада. По војната бил пратеник во Собранието на СРМ во повеќе мандати.

Наводи

Категорија:Луѓе од Крајници (село) Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски политичари Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941