Томислав Иванов (роден во година во - починал во година во ) — македонски геолог.
Животопис
Томислав Иванов дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград (1954). Својата кариера ја започнал во Геолошкиот завод на СРМ. Во 1965 г. ја одбранил докторската дисертација на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на тема: „Металогенијата на јужниот дел на Вардарската зона” и бил избран за доцент на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Во периодот 1969–1973 г. работел како експерт и консултант на проектите на Обединетите нации за истражување на минерални суровини во Египет. Во 1977 г. бил член на Матичната комисија за основање на РГФ во Штип и е првиот избран редовен професор. Во два мандата бил избиран за декан на Рударско-геолошкиот факултет во периодот 1983–1986 г. Автор на повеќе научни трудови. Го открил наоѓалиштето ’Ржаново.
Наводи
Категорија:Македонски геолози