Кирил Жерновски (роден на година во - починал на година во ) — македонски градежен инженер и професор на Техничкиот факултет и Градежниот факултет во Скопје.
Животопис
Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде што дипломирал на Техничкиот факултет. Пред Втората светска војна, тој водел приватно проектантско биро, преку кое остварил многубројни градби, а бил и претседател на Инженерската комора на Скопје (1937–41). Потоа станал заменик-градоначалник на Скопје, во периодот од јули 1941 до почетокот на 1943 година, во времето кога Скопје било под бугарска окупација.Българското управление във Вардарска Македония (1941-1944). София, 2011, 412-435. Жерновски бил делегат Второто заседание на АСНОМ.
Учествувал во НОБ, а по Ослободувањето, тој бил директор на Скопската дирекција на железниците, на „Пробиро“ и помошник министер за градежништво (1947–49). Жерновски бил еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје, на кој бил и декан (1950–52). Бил член на списанието „Луч“.Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152. Тој бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје во периодот од 1961 до неговото пензионирање во 1967 година по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи. Силно влијаел врз повоениот развој на македонското градежништво, посебно на полето на изградба на инженерски градби, особено хидротехнички и сообраќајни.
Поврзано
Андреј Жерновски Пауна Жерновска Станбена зграда на Бојаџиеви
Наводи
Категорија:Македонски градежни инженери Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски инженери Категорија:Југословенски општественици Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Отомански Македонци Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ Категорија:Професори на Градежниот факултет - Скопје Категорија:Професори на Техничкиот факултет - Скопје Категорија:Декани на Техничкиот факултет - Скопје