Клучка или Хиподром — археолошко наоѓалиште во источниот дел на населбата Хиподром во Општина Гази Баба, Скопје. На местото најдена е некропола од доцнобронзеното време, како и населба од средниот век.
Откривање При изградбата на новата траса на автопатот Скопје-Катланово-Велес (А4), од северната страна на клучката што ги издвојува патиштата за Куманово (А2) и за Катланово (А4), при копањето на заштитниот канал се најдени гробови со кремирани покојници погребани во урни. Во текот на 1989/90 г. е извршено заштитно ископување во загрозениот дел на наоѓалиштето при што се откриени вкупно 11 гроба — урни, а исто така и остатоци од средновековна населба.
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопје
Наводи