Намибискиот долар (NAD) е службената валута на Намибија од нејзиното воведување во 1993 година па сè до денес. Еден намибиски долар е поделен на 100 намибиски центи.
Историја Доларот го заменил јужноафриканскиот ранд, кој пак била службена валута во Намибија за време на јужноафриканската управа на земјата (тогаш именувана како Југозападна Африка). Денес сè уште рандот се користи во Намибија, и службено е прифатлив како валута за трговија во земјата бидејќи намбискиот долар е врзан со рандот. Еден намибиски долар е еден јужноафрикански ранд. Првично постоеле различни имиња за именување на идната намибиска валута (меѓу кои и „Намибиски калахар“), но намибиската влада се одлучила за името „долар“. Првите банкноти се издадени на 15 септември 1993 година.NAMIBIA CURRENCY SPOTLIGHT blog.continentalcurrency.ca. Retrieved 2019-06-30.
Монети
Монети во промет 5 центи 10 центи 50 центи 1 долар 5 долари 10 долари Години на ковање се 1993, 1996, 1998, 2000, 2002, 2008, 2009, 2010, 2012, 2015.
Банкноти
Банкноти во промет се: 10 долари 20 долари 30 долари 50 долари 100 долари 200 долари
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Економија на Намибија Категорија:Валути во Африка Категорија:Валути во оптек Категорија:Банкарски систем на Намибија