мини|300п|Дијаграм на состојбите на јаглерод диоксид со оски на температура-притисок. Суперкритичен јаглерод диоксид (scCO2) — флуидна состојба на јаглерод диоксидот во која тој е над своите критична температура и критичен притисок.

Јаглерод диоксидот се однесува како гас во воздухот на стандардни температура и притисок (СТП) или како цврсто тело познато како сув мраз кога е замрзнат. Ако температурата и притисокот се зголемат од СТП до услови над критичната точка за јаглерод диоксид, супстанцијата постанува помеѓу течност и гас. Поточно се однесува како суперкритичен флуид над својата критична температура (304,13 К, 31,0 оС) и критичен притисок (7,3773 MPa, 72,8 atm), ширејќи се да го наполни садот како гас, но имајќи висока густина како таа на течност.

Суперкритичниот е значаен индустриски растворувач поради неговата улога во хемиска екстракција и неговите незначајни токсичност и влијание на животната средина. Релативно ниската температура на процесот и стабилноста на јаглерод диоксидот дозволуваат голем број соединенија да бидат екстрактирани без значајни оштетувања или денатурација. Овој процес дозволува селективна екстракција бидејќи растворливоста на соединенијата во scCO2 се менува со притисокот на процесот.

Наводи

Категорија:Јаглерод диоксид Категорија:Индустриски гасови