Индиските технолошки институти (ИИТ од ) се автономни јавни технички и истражувачки универзитети во Индија. Тие се едни од најпочитуваните технолошки институти во светот. ИИТ беа основани и се водат според Законот за технолошки институти од 1961 година, кој ги прогласил за институти од национално значење и им ги дал правата, обврските и рамките на делување. Законот за технолошки институти од 1961 година набројува 23 институти. Секој ИИТ е автономен, но поврзан со останатите преку заеднички совет. Советот на ИИТ ја раководи администрацијата на институтите. Индискиот министер за развој на човечкиот капитал е ex officio претседавач со Советот на ИИТ. Во 2018 година, вкупниот број на отворени места за додипломските програми беше 11.279. Единствен услов за упис е положен Заеднички уписен испит напредено ниво.

Наводи

Категорија:Индиски технолошки институти Категорија:Универзитети во Индија