Основно училиште „Димче Ангелов-Габерот“ (официјално: Основно општинско училиште „Димче Ангелов-Габерот“ - Демир Капија; скратено: ООУ „Димче Ангелов-Габерот“) — централно основно училиште во градот Демир Капија, Општина Демир Капија.
Училиштето е именувано по партизанот Димката Ангелов Габерот.
Историја
Училиштето започнало со работа во 1931 година во зграда со две училници и стан за еден учител.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Бистренци, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Корешница, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Прждево, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Димче Ангелов-Габерот“ - Челевец, подрачно училиште на турски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Демир Капија Демир Капија Категорија:Основни училишта во Демир Капија Категорија:Основни училишта во Македонија