десно|мини|Логото на БАРТ. Метрото на Заливската област на Сан Франциско (БАРТ, ) е метро систем кој ја опслужува Заливската област на Сан Франциско во Калифорнија, САД. Издигнатата и подземната железница ги поврзуваат Сан Франциско и Оукленд со градски и приградски населби во окрузите Аламида, Контра Коста, Сан Матео и Санта Клара. БАРТ застанува на 48 постојки на шесте линии во должина од 180 km, вклучувајќи и додатна линија од 16 km со дизелни возови на истокот на округот Контра Коста и 5.1-km автоматизирана линија за превоз на патници на Меѓународниот аеродром „Оукленд“. Во просек, БАРТ пренесува 432.000 патници во еден работен ден. Вкупно во 2019 година, БАРТ пренел 126 милиони патници, што го прави петтиот најкористен метро систем во САД.
Управното тело на метрото е основано во 1957 година. Првичниот систем се отворал во етапи меѓу 1972 и 1974 година. Последните проширувања се отвораат на 13. јуни 2020 година во соработка со Транспортната агенција на долината Санта Клара.
Наводи
Категорија:Метро системи во САД Категорија:Јавен превоз во Сан Франциско Категорија:Заливска област на Сан Франциско