Опаљушка — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Мала Црцорија. Претставува средновековна некропола. На исток од месноста Конопиште, на блага падина која зафаќа простор од 50 × 50 м се откриени повеќе гробови градени од камени плочи. Во еден од нив е најден керамички сад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба и некропола од доцната антика; Црквиште — населба од доцната антика; Мала Црцорија; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи