Халил Рифат-паша (современ турски: Halil Rıfat Paşa; 1820 година Според посмртницата во „The Times“, тој е роден околу 1807 година. Така тој бил имал речиси 95 години до неговата смрт. Други извори ја посочуваат годината 1820. 9 ноември 1901 година) — отомански државник и Голем везир шест години помеѓу 1895 година до неговата смрт во 1901 година, за време на владеењето на Абдул Хамид II.
Образование Роден е во Сер и се школувал во една медреса во Солун, а потоа продолжил на Факултетот за политички науки во Константинопол (денес установата се наоѓа во Анкара).
Живот и кариера После неколку години на образование, тој започнал да работи како поштенски службеник во Видин, а потоа работел како секретар во канцеларијата на управникот на Солун. Тој напредувал чекор по чекор и бил назначен на повисоки официјални позиции со изминувањето на времето, вклучително и во Русе. Во 1882 година бил назначен за мутасариф на Видин, а потоа во 1886 година бил назначен за гувернер на Сивас, каде започнал програма за градење на патишта. Потоа бил назначен за управник на Ајдин (1889), а подоцна и во Битола, каде се борел против комитски единици, кои растеле во покраината. Тој бил назначен за министер за внатрешни работи во 1893 година. Потоа бил назначен за голем везир во ноември 1895 година. Најважните настани во неговата ера како голем везир биле немирите на Сасон (во 1895 година) и на Крит (во 1897 година), како и грчко-турската војна од 1897 година, која завршила со османлиска победа.
Тривија Неговото мото во кампањата за градење на патиштата било „Секое место каде што не можете да одите не е ваше“ ()
Белешки и наводи
Поврзано
Список на отомански големи везири Хамидски масакри
Надворешни врски
Ерата на Абдул Хамид II Халил Рифат-паша како министер за внатрешни работи Образовна мрежна страница со информации за Халил Рифат-паша Халил Рифат-паша (биографија на турски јазик во формат pdf - апстрактно и на англиски јазик) Универзитет Сивас Кумхуриет
Категорија:Македонски Турци Категорија:Луѓе од Сер Категорија:Паши Категорија:Отомански управители на Ајдин Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 20 век Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Починати во 1901 година Категорија:Родени во 1820 година Категорија:Починати во Истанбул