Основно училиште „Гоце Делчев“ (службено: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Гостивар; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Гостивар, Општина Гостивар.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Историја
Во периодот септември 2017 година, организацијата НДЦ Скопје ја завршила постапката на реконструкција во 16 училници и 2 ходници во училиштето. Дополнително, НДЦ Скопје обезбедило дидактички материјали, училиштен мебел и ИТ опрема за сите училници.
Во мај 2018 година, директорот Сашо Шарески бил заменет со Игор Радески.
На 1 ноември 2019 година, почнале градежните работи за реконструкција на покривот. Изградбата на новиот прокрив била во вредност од 354 илјади долари и била финансирана од Општина Гостивар и од швајцарската влада, а спроведувана преку УНДП во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплавите.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Фејсбук страница
Гостивар Категорија:Основни училишта во Гостивар Категорија:Основни училишта во Општина Гостивар Категорија:Основни училишта во Македонија