Мехмед Емин Али-паша ( – ) – истакнат отомански државник за време на танзиматското раздобје, најпознат као создавач на отоманскиот реформски едикт од 1856 година и за неговата улога во Парискиот мировен договор од 1856 година со кој завршила Кримската војна. Али-паша бил сметан за умешен и способен државник и често дека е негова заслуга за спречување на раниот распад на царството.

Али-паша се залага за западен стил на реформи за да го модернизира царството, ввклучувајќи секуларизација на државата и подобрување на граѓанските слободи. Работел на смирување на националистичките движење, а во исто време да ги спречи странските агресори кои се обидувале да ја ослабат отоманската контрола. Се залагал за отомански национализам кој би ги заменил разните етнички и религиозни лојалности.

Со скромно потекло како син на вратар, Али-паша се вивнал низ редовите на османлиската држава и за кратко време, во 1840 година, станал министер за надворешни работи и повторно во 1846 година. Во 1852 година неколку месеци бил голем везир, потоа повторно министер за надворешни работи во 1854 година. Меѓу 1855 и 1871 година ги менувал двете позиции, во својот живот седум пати бил министер за надворешни работи и пет пати голем везир. Во 1851 година му бил доделен Орден на црвен орел, 1s-ва класа Class (за нехристијани) in 1851.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Паши Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Амбасадори на Отоманското Царство во Обединетото Кралство Категорија:Министри за надворешни работи на Отоманското Царство Категорија:Реформи во Отоманското Царство Категорија:Починати во Истанбул