Патензен () — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер. Со околу 15.000 жителиStadt Pattensen: Pattensen in Zahlen + Daten. mit Stand 1. Januar 2015, abgerufen am 30. Januar 2015. претставува втора најмала општинска единица во округот.
Географија Местоположба
Патензен се граничи со Шпринге, Хеминген и Лацен, сите во регионот Хановер, како и со Зарштет и Нордштемен од округот Хилдесхајм. Местото историски припаѓа на областа Каленбершки крај.
На исток од Патензен тече реката Лајне.
Градски единици
Кон Патензен припаѓаат местата Хипеде, Јајнзен, Колдинген, Ери, Патензен-Мите, Реден, Шуленбург и Фардегецен, како и помалите единици Тиденвизе и Лауенштат. Хипеде и Ери образуваат само една единица и имаат заеднички совет.
Историја
Градот претставувал седиште на Кнежевството Каленберг до 1636 година, кога седиштето се преместило во Хановер.
Стопанство
Центарот за обработување на писма за поголемата област на Хановер се наоѓа во Патензен.
Политика Градски совет
Градскиот совет на Патензен се состои од 30 членови.
На изборите во 2016 година бил избран следниов состав:
Партија/Листа Места CDU 12 SPD 9 UWG/UWJ-Gruppe 4 Зелени 3 Слободни гласачи 2
Дополнително, во советот учествува и градоначалничката Рамона Шума (SPD). Таа била избрана на директни избори во 2014 година.
Збратимени градови
Патензен е збратимен со следниве градови:
Сен Обен лес Елбеф, Франција
Постојат партнерства и со други места.
Познати луѓе Пер Мертезакер — фудбалер
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хановер (регион)