18 век започнува на 1 јануари 1701 г. и завршува на 31 декември 1800 г.

Настани

Настани во Македонија 1705: Негушки бунт, спротивставување на собирањето данок во крв. 1728/1729 – изградена саат-кулата во Гостивар. 1743: Обновување на Бигорскиот манастир 1767: Укинување на Охридската архиепископија

Настани во светот

1700-ти

мини|Знамето на Велика Британија 1701 — 1714: Војна за шпанското наследство. 1701:Прусија станува кралство. 1703: Петар Велики го основал Санкт Петербург. До 1918 бил престолнина на Русија. 1707: По спојувањето на шкотскиот и англискиот парламент настанува Кралството Велика Британија.

1710-ти

1711: Роден е Руѓер Бошковиќ. 1715: По смртта на кралот Луј XIV Франција е на работ на пропаст. 1718: Французите го основале Њу Орлеанс во Северна Америка. 1718: Пожаревачки мир.

1720-ти

1721: Роберт Волпол станува премиер на Велика Британија (de facto). 1721: Потпишан Ништадскиот мир, завршена Големата северна војна. 1722 — 1723: Руско-персиска војна. 1722: Авганистанците го зазеле Иран. 1722: Умрел Канѓи кинескиот владетел.

1730-ти

1733 — 1738: Војна за полското наследство. 1739: Белградски мир; Втора селидба на Србите.

1740-ти

мини|Фридрих II Велики, крал на Прусија. 1740: Фридрих II Велики крунисан за крал на Прусија. 1740: 1748 - Војна за австриското наследство. 1741: Русите ги населуваат Алеутските Острови. 1741: Роден е Доситеј Обрадовиќ.

1750-ти

1750: Врв на Малото ледено време. 1755: Лисабонски земјотрес. 1756 — 1763 - Седумгодишна војна. 1757: Битка за Пласеј го означува почетокот на британското владеење во Индија.

1760-ти

1760: Џорџ III станува крал на Британија. 1762 — 1796: Катерина Велика владее со Русија. 1768: Гурките го зазеле Непал. 1768 — 1774: Руско-турска војна. 1769.: Шпански мисионери ја основале својата прва, од 21, мисија во Калифорнија. 1769.: Роден Наполеон Бонапарт

1770-ти

1772 — 1795: Поделба на Полска, крај на Полско-литванската Унија, и бришење на Полска од мапите 123 години. 1775 — 1783.: Војна за независност на САД.

1780-ти

1785: Јосиф II го укинува кметството во Унгарија. 1785—1795: Севернозападна индијанска војна меѓу САД и американските домородци. 1787: Ослободените робови од Лондон го основале Фритаун. 1787: Роден Вук Стефановиќ Караџиќ 1788: Прво европско населено место основано во Австралија во Сиднеј. 1789: Џорџ Вашингтон избран за претседател на САД. Служи до 1797 година. 1789—1799: Француска револуција

1790-ти

десно|350п|мини|Напад на Бастилја, 14 јули 1789, сликовит настан од Францускта револуција. 1791: Еврејска еманципација во Франција. 1791 — 1804: Хаиќанска револуција 1792 — 1815: Големата француска војна почнува како Француска револуционерна војна што доведува до Наполеоновите војни. 1793: Горна Канада го забранува ропството. 1795: Со Мадридскот мир меѓу САД и Шпанија територијата Мисисипи станува дел од Соединетите Држави. 1796: Британците ги исфрлиле Холанѓаните од Цејлон. 1797: Со инвазијата на Наполеон и делењето на Венецијанската Република завршува илјадагодишната независност на Венецијанската Република. 1799: Наполеон изведува пуч и станува диктатор на Франција.

Личности Наука, истражување Марија Гаетана Ањези, италијанска математичарка и лингвист Жан ле Рон Даламбер, француски математичар, физичар и енциклопедист Даниел Бернули, швајцарски математичар и физичар Алекси Клеро, француски математичар Леонард Ојлер, швајцарски математичар Бенџамин Френклин, американски научник и државник Карл Фридрих Гаус, германски математичар и астроном Жозеф Лагранж, италијанско-француски математичар и физичар Пјер Симон Лаплас, француски физичар и математичар Михаил Ломоносов, руски научник Антоан Лавоазје, француски хемичар Адриен Мари Лежандр, француски математичар Џејмс Ват, шкотски научник и пронаоѓач Џејмс Кук, британски навигатор

Уметност Музика Јохан Себастијан Бах, германски композитор Франсоа Купрен, француски композитор Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор Георг Фридрих Хендл, германски композитор Јозеф Хајдн, австриски композитор Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор Доменико Скарлати, италијански композитор Антонио Вивалди, италијански композитор

Книжевност Пјер Бомарше, француски писател Роберт Бернс, шкотски поет Дени Дидро, француски писател и филозоф Јохан Волфганг Гете, германски писател Вилијам Блејк, англиски уметник и поет Самјуел Џонсон, британски писател и литературен критичар Оноре Габриел Мирабо, француски писател и политичар Александар Поуп, британски поет Жан Жак Русо, француски писател и филозоф Волтер, француски писател и филозоф Лоренс Стерн, британски писател Џонатан Свифт, англо-ирски сатиричар

Сликарство Франсоа Буше, француски сликар Жан-Оноре Фрагонар, француски сликар Вилијам Хогарт, англиски сликар Антоан Вато, француски сликар Џошуа Рејнолдс, британски сликар

Политика Ана, британска владетелка Марија Антоанета, француска кралица Аурангзеб, монголски владетел Џереми Бентам, англиски реформатор Катерина Велика, руска царица Фридрих II Велики, пруски монарх Џорџ III, британски монарх Александар Хамилтон, американски државник Томас Џеферсон, американски државник Луј XV, француски монарх Луј XVI, француски монарх Џејмс Медисон, американски државник Марија Терезија, австриска владетелка Мичикиниква, воен водач Надир Шах, персиски крал Ференц II Ракоци, принц на Унгарија и Трансилванија Максимилијан Робеспјер, француски диктатор Александар Суворов, руски воен водач Франсоа Доминик Тусен Лувертур, хаиќански револуционерен водач Роберт Волпол, британски премиер Џорџ Вашингтон, американски генерал и прв претседател

Филозофија, теологија Џорџ Беркли, ирски филозоф Едмунд Берк, британски филозоф Дејвид Хјум, шкотски филозоф Имануел Кант, германски филозоф Томас Пејн, британски интелектуалец Папа Пиј VI, римски папа Фридрих Шилер, германски филозоф Адам Смит, шкотски економиста и филозоф Џон Весли, британски мислител, основач на методизмот Вилијам Пит, британски премиер

Откритија 1709: Даниел Габриел Фаренхајт го започнал развојот на топломерот. 1709: Првото пијано, го направил Бартоломео Кристофори. околу 1710: Парната машина ја пронашол Томас Њукомен. околу 1730: Секстант, навигациски апарат. Го направил Џон Хадли во Англија и Томас Годфри во Америка. 1736: Европејците ја пронашле гумата. околу 1740: Бенџамин Хантсман го пронашол модерниот челик. 1741: Витус Беринг ја открил Алјаска. 1751 — 1785: Француска енциклопедија 1755: Самјуел Џонсон напишал англиски речник. 1761: Проблемот со географската должина конечно го решил Џејмс Харисон со четврт хронометар. 1768 — 1779: Џејмс Кук ги нацртал границите на Тихиот Океан и открил многу тихоокеански острови. 1769: Никола Кињо направил возило на парен погон. 1779: Фотосинтезата ја открил Холанѓанецот Јан Игенгаус. 1783: Браќа Монголфје извршија летови со балон на топол воздух. 1790: Томас Сејнт ја изумил шивачката машина. 1799: Каменот од Розета го откриле Наполеоновите трупи.

Категорија:Векови