десно|мини|250x250пкс| Астероидот (596) Шејла, наликува на комета на 12 декември 2010 година. Активни астероиди — мали тела во Сончевиот Систем кои имаат орбити налик на оние на астероидите, но покажуваат одлики при набљудувањето слични на оние на кометите. Односно, кај истите се забележуваат кома, опашки или други видливи докази за губење на масата (како кај кометите), но нивната орбита не е поголема од Јупитеровата орбита (како онаа на астероидите). Овие тела првично во 2006 година биле означувани како комети од главениот појас (КГП) од страна на астрономите Дејвид Џуит и Хенри Хси, но ова име укажувало дека тие по состав се мраз, како и кометите и дека тие постојат само во рамките на главниот појас, додека пак набљудуваната растечко население на активни астероиди покажува дека тоа и баш не е секогаш таков случајот.
Првиот забележан активен астероид е 7968 Елст-Писаро. Забележан е (како астероид) во 1979 година, но подоцна од страна на Ерик Елст и Гвидо Писаро во 1996 година била забележана опашка и му била доделена кометарна ознака 133P/Елст-Писаро.
Орбити За разлика од кометите, кои поголемиот дел од својата орбита е на растојанија до Јупитер или на поголеми растојанија од Сонцето, активните астероиди се во орбита во орбитата на Јупитер, и честопати се разликуваат од орбитите на вообичаените астероиди. Џуит ги дефинирал активните астероиди како тела кои, покрај тоа што имаат видлив доказ за загуба на масата, тие имаат и орбита со:
Голема полуоска a<Јупитер (5,20 ае ) Тисеранов параметар во однос на Јупитер ТЈ>3,08
Џуит го избирал Тисеранов параметар од 3,08 наместо 3,0 (Тисерановиот параметар за Јупитер) за да направи разлика меѓу астероидите и кометите, и да се избегнат нејасните случаи предизвикани од реалниот Сончев Систем, што отстапува од идеализираниот ограничениот проблем на три тела. Првите три забележани активни астероидисе во орбита во надворешниот дел на Астероидниот појас.
Активност десно|мини|400x400пкс| Распадот на астероидот P/2013 R3 забележан од вселенскиот телескоп Хабл (6 март 2014 година). Некои од активните астероиди имаат кометарна опашка од прашина само во делот од нивната орбита во близина на перихелот. Ова силно укажува на тоа дека испарливите делови на нивните површини сублимираат, и испуштаат прашина.The proposed Caroline ESA M3 mission to a Main Belt Comet. Geraint H. Jones, Jessica Agarwal, Neil Bowles, Mark Burchell, Andrew J. Coates, Alan Fitzsimmons, Amara Graps, Henry H. Hsieh, Carey M. Lisse, Stephen C. Lowry, Adam Masters, Colin Snodgrass, Cecilia Tubiana. Advances in Space Research. 25 February 2018. Активноста во 133P/ Елст-Писаро е повторлива, и е забележана во секој од последните три перихели. Активноста опстојува во периодот од еден месец или неколку од целокупниот период на орбитата од 5-6 години и веројатно причина е мразот кој бил раскопан од ситни удари во последните 100 до 1000 години. Овие удари се смета дека се причината за раскопувањето на овие подземни џебови испарлив материјал, на тој начин што се изложени на Сончевото зрачење.
Кога беше откриена во јануари 2010 година, P/2010 A2 (ЛИНЕАР) првично му била доделена кометарна ознака и се сметало дека пројавува сублимација типична за кометите,MPEC 2010-A51 : COMET P/2010 A2 (LINEAR) но сега за P/2010 A2 се смета дека е остаток од судир меѓу два астероиди. Набудувањата на (596) Шејла посочуваат дека големи количини на прашина биле покренати од влијанието на друг астероид со полупречник од приближно 35 метри.
P/2013 R3 Во октомври 2013 година, набудувањата на P/2013 R3, направени со 10,4 метарскиот Голем канарски телескоп на островот Ла Палма, покажале дека оваа комета се распаѓа. Разгледувањето на подредените CCD-слики, сликани на 11 и 12 октомври, покажале дека кометата од главниот појас била придружувана од централна светла кондензација, и дополнително од уште три дела, A, B и C. Најсветлиот дел A, исто така, беше забележан на пријавената местоположба на CCD-сликите, сликани на 12 октомври со 1,52 метарскиот телескоп на опсерваторијата „Сиера Невада“ во Гранада.
НАСА известла за низа слики направени од вселенскиот телескоп Хабл помеѓу 29 октомври 2013 и 14 јануари 2014 година, кои покажуваат зголемување на растојанието меѓу четирите главни села. Јарковскиевиот ефект, предизвикан од упадната сончева светлина ја зголемил вртежната брзина сè додека центрифугалната сила не предизвикала разделување на збирниот шут.
Состав Некои од активни астероиди покажуваат знаци дека се претежно составени од мраз како и вообичаените комети, додека за други се знае дека се со карпестсостав како и останатите астероиди. Се претпоставува дека кометите од главнит појас биле извор за водата на Земјата, затоа што односот на дутериум-водород на океаните на Земјата е пренизок за главниот извор да бидат класичните комети.Main-Belt Comets May Have Been Source Of Earths Water , Space Daily, Mar 23, (2006). Европските научници предложија мисија за враќање примероци од КГП, наречена Каролина, за да се анализира содржината на испарливостите и да се соберат примероци од прашината.
Членови Припадници членови на оваа морфолошка класа се: ИмеГолема полуоска (ае)Перихел (ае) Полупречник (км) Причина 1 Церера 2,77 2,56 939 Водена сублимација 493 Гризелда 3,12 2,57 46 Удар 596 Шејла 2.92 2.44 113 Удар 2201 Олјато 2,18 0,62 1,8Исфрлање на гасови 3200 Фаетон 1,27 0,14 5,8 Топлинско распукување /или каллива пукнатина 4015 Вилсон-Харингтон 2,64 0,98 4Сублимација 6478 Голт 2,31 1,86 3,7 Вртежно забрзување 7968 Елст–Писаро (133P/Елст-Писаро, P/1996 N2) 3,15 2,64 3,9 Удар/сублимација на мраз 3,15 2,90 5 Збирен растурен шут 101955 Бену 1,13 0,90 0,49 Топлинско напукнување, ослободување на испарливости, и/или удари 118401 ЛИНЕАР (176P/ЛИНЕАР) 3,19 2,57 4 Удар/сублимација на мраз (288P) 3,05 2,44 1,8 Сублимација на мраз 233P/Ла Сагра (P/2005 JR71) 3,04 1,79 Удар/сублимација на мраз 238P/Рид (P/2005 U1) 3,16 2,36 0,6 Удар/сублимација на мраз 259P/Гарад (P/2008 R1) 2,72 1,79 0,6 Сублимација/орбитална промена 311P/ПАНСТАРРС (P/2013 P5) 2,19 1,95 0,5 Збирен растурен шут 313P/Гибс (P/2003 S10) 3,16 2,39 1,0 Сублимација на мраз 324P/Ла Сагра (P/2010 R2) 3,10 2,62 Удар/сублимација на мраз 331P/Гибс (P/2012 F5) 3,00 2,88 Збирен растурен шут 348P/ПАНСТАРРС (P/2011 A5) 3,17 2,21 354P/ЛИНЕАР (P/2010 A2) 2,29 2,00 0,22 Удар 358P/ПАНСТАРРС (P/2012 T1) 3,15 2,41 0,32 Удар/сублимација на мраз 367P/Каталина (P/2011 CR42) 3,51 2,53 P/2013 R3-A (Каталина-ПАНСТАРРС) 3,03 2,20 0,2 Збирен растурен шут P/2013 R3-B (Каталина-ПАНСТАРРС) 3,03 2,20 0,2 Збирен растурен шут P/2014 C1 (ТОТАС) 3,04 1,69 P/2015 X6 (ПАНСТАРРС) 2,75 2,29 Збирен растурен шут или сублимација на мразP/2016 G1 (ПАНСТАРРС) 2,58 2,04 0,2 Удар P/2016 J1-A (ПАНСТАРРС) 3,17 2,45 0,5 Удар/сублимација на мраз/збирен растурен шут P/2016 J1-B (ПАНСТАРРС) 3,17 2,45 0,2 Удар/сублимација на мраз/збирен растурен шут P/2016 P1 (ПАНСТАРРС) 3,23 2,28 P/2017 S5 (АТЛАС) 3,17 2,18 0,5 Сублимација на мраз P/2017 S8 (ПАНСТАРРС) 2,78 1,68 P/2017 S9 (ПАНСТАРРС) 3,16 2,20 P/2018 P3 (ПАНСТАРРС) 3,01 1,76 P/2019 A3 (ПАНСТАРРС) 3,15 2,31 P/2019 A4 (ПАНСТАРРС) 2,61 2,36 P/2019 A7 (ПАНСТАРРС) 3,19 2,68
Истражување мини|300x300пкс|Астероидот забележан како исфрла честички на 6 јануари 2019 година на сликите снимани од страна на вселенското летало OSIRIS-REx. Касталија е замисла прдложна мисија за роботско вселенско летало за истражување на 133P/Елст-Писаро и да ги направи на самото место мерењата за количеството на вода во астероидниот појас и со тоа да помогне во решавањето на мистеријата за потеклото на водата на Земјата. Предводник на мисијата е Колин Снодграс, од Отворениот универзитет во Велика Британија. Касталија како мисија и била предложена на Европската вселенска агенција во 2015 и 2016 година во рамките на програмата „Космичка визија“ за мисиите М4 и М5, но не била одбрана. Екипата продолжува да ја развива замислата за мисијата и научните цели. Поради потребното време за изградба и орбиталната динамика, бил предложен датум за лансирање во октомври 2028 година.
На 6 јануари 2019 година, мисијата OSIRIS-REx првпат забележала повремени изблици честички од 101955 Бену, кус период по навлегувањето во орбита околу близуземскиот астероид, што довело до тоа тој да биде прекласифициран како активен астероид. Оттогаш се забележани најмалку 10 други вакви настани. Големината на загубата на маса кај овие настани е многу помала од онаа што претходно била забележана кај другите активни астероиди набљудувани со телескопи, што укажува дека постои континуум на големината на загуба на маса кај активните астероиди. Поврзано
Кентаур (астероид) Згасната комета
Наводи
Надворешни врски Proper elements of active asteroids at Asteroid Families Portal Henry Hsieh's Main-Belt Comets page has extensive details on Main-belt comets David Jewitt. The Active Asteroids Planetary Society article on MBCs Discussion of possible differences in characteristics of the water in MBCs and other comets YouTube Interview with David Jewitt (discussion on main-belt comets starts around 9 minutes into video) Impact trigger mechanism diagram by David Jewitt Comet-like appearance of (596) Scheila Project T3: Finding Comets in the Asteroid Population
New Comet: P/2012 T1 (PANSTARRS) (Remanzacco Observatory : 16 Oct 2012)
P/2013 R3: a Main Belt Comet that is breaking apart. J. Licandro New images obtained with the Gran Telescopio Canarias
Категорија:Комети Категорија:Астероиди