Кумбаревци — археолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Претставува средновековна црква и некропола. На самиот влез во селото од просторот на првата куќа заедно со дворот на една фамилија, при копањето на темели биле откриени повеќе гробови градени од камени плочи и без гробни прилози. Според кажувањата на еден жител, биле откриени ѕидови од основа на мала црквичка.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Макла — средновековна некропола; Манастири — средновековна црква и некропола; Рамненски Лозја — населба и некропола од римското време; Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Варвара — средновековна црква и некропола; Св. Врачи — средновековна црква и некропола; Св. Илија — средновековна црква; Туше Варница — средновековна населба; Рамне; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи