Терел Лесли Хил (, 19. декември 1917 во Оукленд, Калифорнија, САД - 23. јануари 2014 во Јуџин, Орегон, САД) беше американски теориски физичар, физички хемичар и молекуларен биолог. Тој е познат по неговите бројни придонеси во статистичката механика, квантната механика, хемиската физика, физиката на кондензирана материја, теоретската молекуларна биологија и биохемијата. Хил беше член на Националната академија на науките на САД.

Хил е роден и израснува во Оукленд, Калифорнија. Тој дипломира и докторира на Калифорнискиот универзитет, Беркли. Во текот на својата кариера предава на Хауардовиот универзитет во Вашингтон, Калифорнискиот универзитет, Санта Круз во Санта Круз, Кејсовиот универзитет на Западниот резерват во Кливленд, Охајо, Рочестерскиот универзитет во Рочестер, Њујорк и на Орегонскиот универзитет во Јуџин. Работеше на проектот Менхетен. Меѓу другите функции за федералната влада на САД, Хил беше шеф на Секцијата за Теоретска молекуларна биологија при Националните здравствени институти. Учествуваше на бројни меѓународни размени на знаење низ светот: Англија, Швајцарија, Израел итн.

Во својата продуктивна кариера, Хил објавил повеќе од 260 научни трудови, осум учебници и монографии, како и две книги поезија. Неговите дела се преведени на многу светски јазици. Книгата „Термодинамика на мали системи“ (1964) се смета за основа на нанотермодинамиката. Наводи

Категорија:Родени во 1917 година Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Американци Категорија:Физичари Категорија:Хемичари Категорија:Биолози Категорија:Поети Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли) Категорија:Професори на Хауардовиот универзитет Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет, Санта Круз Категорија:Професори на Кејсовиот универзитет во Западниот резерват Категорија:Професори на Рочестерскиот универзитет Категорија:Професори на Орегонскиот универзитет Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД