Котелица или Св. Никола — археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува средновековна црква и некропола. На седлестиот дел на ридот Олмец, помеѓу високиот рид Кутлишта и источната падина што продолжува кон Петринска Планина, има црквичка посветена на Св. Никола, изградена врз темелите на постара црква. Околу црквата има некропола делумно уништена со обработливоста на земјата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Зад Кула — средновековна населба; Кале — тврдина од доцноантичкото време и средниот век; Мантица - Бозоица — средновековна црква и некропола; На Лазој — некропола од римското време; Олмец - Кулиште — утврдена населба од железното време; Св. Димитрија — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Турски Гробишта — средновековна некропола; Чурила — средновековна некропола; Џамијата — средновековна црква; Велгошти; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Велгошти