Старо Село — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува средновековна населба и некропола. На 1 км северно од селото се наоѓаат остатоци од темели на објекти и купишта од градежен материјал. Видливи се и темели од постара еднокорабна црква врз кои е подигната денешната црква „Св. Илија“. Околу неа има и гробови со конструкции од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време Ветрен — некропола од железното време Вреж — населба од неолитското време Градиште — утврдена населба од железното време Давица — населба и некропола од римското време Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време Јокуш — некропола од римското време Мишевска Воденица — вила рустика од римското времеж Црквиште — населба и некропола од римското време Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Немањици