Жоел Батс (роден на 4 јануари, 1957 година, во Мон де Марсан) — поранешен француски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Во својата кариера Батс играл за три клуба Сошо, Осер и , а со последниот го освоил француското првенство во сезоната 1985-1986.

За француската репрезентација забележал 50 настапи во периодот 1983-1989 и бил во составот на репрезентацијата која го освоила Европското првенство 1984. Две години подоцна тој учествувал и на своето прво и единствено Светско првенство, но тоа не му останало во добри спомени бидејќи во полуфиналето против направил голема грешка при првиот гол на противникот што го постигнал Андреас Бреме (Франција го загубила натпреварот со 0-2).

По завршувањето на играчката кариера тој работел како тренер на голманите во неколку екипи, а како главен тренер ги водел екипите на Париз Сен Жермен и .

Титули Клупски Париз Сен Жермен Француско првенство : 1 1985-1986

Репрезентативни Франција Европско првенство : 1 1984

Надворешни врски

Жоел Батс на soccerway Жоел Батс на transfermarkt Жоел Батс на espn

Категорија:Фудбалери на ФК Сошо Категорија:Фудбалери на ФК Осер Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Француски фудбалски тренери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1957 година