Оаза () — департман во регионот Горна Франција на северот на истоимената земја. Наречен е по реката Оаза.

Историја Оаза е еден од изворните 83 департмани воведени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Создадена е земајќи делови од покраините Ил де Франс и Пикардија.

По извојуваната победа во Битката кај Ватерло, британската војска го окупирала департманот, што траело од јуни 1815 доноември 1818 г.

Географија Оаза е дел од денешниот регион Горна Франција и лежи на 35 км северно од Париз. Опкружен е од департманите Сома, Ена, Сена и Марна, Долина на Оаза, Ер и Приморска Сена.

Поважни населени места + Најнаселени општини во Оаза Место Општина Кантон Округ Население 1 Бове Бове-1Бове-2 Бове 55.252 2 Компјењ Компјењ-1Компјењ-2 Компјењ 40.430 3 Креј Креј Санлис 34.262 4 Ножан на Оаза Ножан на Оаза Санлис 18.753 5 Санлис Санлис Санлис 15.583 6 Крепи во Валоа Крепи во Валоа Санлис 14.962 7 Мери Мери Бове 13.995 8 Ноајон Ноајон Компјењ 13.894 9 Монтатер Монтатер Санлис 12.843 10 Пон Сент Максанс Санлис 12.637

Туризам Највеќе посетители во департманот добива забавниот парк „Астерикс“ отворен 1989 г. Други места од особено културно-историско значење се катедралата „Св. Петар“ во Бове, замокот Пјерфон обновен од Ежен Виоле ле Дик и ликовната збирка во Шантији, една од најголемите вон Париз.

Збратимени места Оаза е збратимена со грофовијата Бедфордшир во Англија.

Едно од селата во поречието е Овер на Оаза, познато како свратилиште на разни импресионистички уметници. Овде Винсент ван Гог ги провел последните 70 дена од животот и тука е закопан, заедно со брат му Тео.

Поврзано Окрузи во Оаза Кантони во Оаза Општини во Оаза

Наводи

Надворешни врски

Портал на префектурата Оаза Портал на Генералниот совет на Оаза Именик на Оаза Туристички портал на Оаза

Категорија:Департмани во Горна Франција Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година