Скала — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Лежи во месноста Крапчин Дол, меѓу Огранџо Ливада и Алибеџица, десно од патот за селото Брежани, на околу, 5 км воздушна линија југоисточно од селото. Овде веројатно била подигната црква која подоцна е пресечена со пороите на трапот што се спушта од месноста Слива. На левата страна од трапот се забележуваат повеќе камења во групи, а самиот простор изгледа како вештачки создадена тумбичка - грамада. Јужно од оваа грамада се забележуваат гробни конструкции од камени плочи и поситни камења. Во нивата на еден селанец од Велмеј, недалеку југоисточно од овој простој е раскопан гроб и е откриена сребрена обетка од X до XII век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 244, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Велмеј