Кутлина — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува населба од неолитското, бакарното, бронзеното и железното време, и раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1 км југоисточно (повеќе јужно) од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани (40 км северно од Охрид). Претставува елипсовидна височинка — тумба, со правец на протегање исток-запад и е една од неколкуте тумби што се простирааат југоисточно од селото. Околу нив има мочуриштен терен со слаби извори на кисела вода, а јужно паралелно со нивното протегање тече Велмешко-средоречка Река. Тумбата Кутлина е речиси целосно раскопана заради експлоатација на травертин со кој обилува целиот терен, и покрај тоа што уште во 1953 година е ставена под Законот за заштита на спомениците на културата. Со теренска проспекција, рекогносцирање и микроистражувачки археолошки зафати е заклучено дека се работи за комплексно наоѓалиште каде што се живеело и погребувало во времето на праисторијата и раниот среден век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Велмеј