Петар Атанасов (, ) – македонски лингвист романист, универзитетски професор.

Животопис Основно и средно образование завршил во Гевгелија. Студиите ги завршил во Скопје на Групата за романска филологија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1975 година во Белград, а докторирал во 1979 година во Скопје на тема „Мегленороманскиот денес. Фонетика и фонологија”. На Катедрата за романски јазици и книжевности ги предавал предметите: Романски јазик, Фонетика и фонологија на францускиот јазик, Историја на францускиот јазик, Споредбена граматика на романските јазици, Историја на италијанскиот јазик, а исто така и Балканска лингвистика за последипломските студии при Филолошкиот факултет во Скопје. Бил шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности во два мандата, претседател на Советот на Филолошкиот факултет, како и член на Универзитетскиот сенат.

Награди и признанија Во 1995 година го добил орденот „Академски палми“ од Владата на Франција за „неговиот придонес за француската култура“.

Во 2011 година, Атанасов добил медал за „заслуги за образованието“, од страна на кабинетот на претседателот на Романија.

Трудови Објавил 13 речници и монографии.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски јазичари Категорија:Македонски романисти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски јазичари Категорија:Југословенски романисти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје