Кантон Женева (скратеница GE, ) – кантон на крајниот југозапад на Швајцарија. Главен град на кантонот е Женева.

Природни одлики Кантонот Женева се наоѓа на западниот брег на Женевското Езеро, на местото каде од него истекува Рона. Го опфаќа градот Женева и нејзината близина. Од готово сите страни е опкружен со територија на Франција. Од швајцарските кантони, има само кратка граница со кантонот Во. Највисокиот врв е на надморска висина од 516 метри. Површината на кантонот е 282 км2.

Историја мини|290 п|д|Поделба на кантонот на општини Кантонот Женева е еден од кантоните кои најдоцна ѝ се придружиле на Швајцарија. Тоа се случило во 1815 година, после Виенскиот конгрес. Како и некои други кантони, и кантонот Женева себеси се смета за засебна република.

Население религија и населени места Кантон Женева во 2018 година има 499.480 жители.

Во кантонот Женева се зборува француски јазик. Кантон е како колепка на калвинизмот и официјално е протестантски, иако денес во него живеат повеќе римокатолици. Женева е космополитски град и седиште на многу меѓународни установи. Странците сочинуваат 37,42% од населението.

Единствен „прав“ град е Женева, додека сите останати населби се нејзини предградија. Од нив најголеми населби се Верние, Ланси и Мерен.

Стопанство Стопанството се заснова на трговија и финансиски услуги.

Галерија слика

Наводи

Надворешни врски

www.ge.ch

Категорија:Кантони во Швајцарија Категорија:Држави и територии настанати во 1815 година