Универзитетската палата (1770 година) е првиот и најстар објект на Брауновиот кампус во Провиденс, Род Ајленд, САД.
Историјат Изграден во 1770 година, овој објект првично бил познат како Зданието на колеџот. Зградата била изградена на парцела која припаѓала на основачот на Провиденс и предок на семејството Браун - Чед Браун (околу 1600-1650 година).
Објектот имал различни намени во текот на годините. Моментално во него е сместена канцеларијата на ректорот на Брауновиот универзитет. Таа се наоѓа на првиот спрат каде порано се наоѓала собирната соба на зградата. На горните спратови се наоѓаат други канцеларии од ректоратот и административни тела на универзитетот. Во 1962 година, објектот бил прогласен за Национален историски споменик како одличен примерок на академската архитектура од XVIII век и важно место во животот на педагогот Хорас Ман (1796 - 1859). Ман дипломирал на Брауновиот универзитет во 1819 година и предавал на истиот до 1821 година пред да ја започне својата кариера како реформатор на образованието.
Наводи
Категорија:Згради Категорија:Браунов универзитет Категорија:Национални историски споменици (САД)