300п|мини Митровац на Тара е туристичка населба и селска населба Перуќац, на планината Тара, во општината Бајина Башта. Се наоѓа на благо заталасана истоимена висорамнина, на 26 км од Бајина Башта, во висинска зона од 1.055 до 1.100 м.н.в. и најпознат е по големото детско одморалиште.Национални парк Митровац на Тари: Митровац на Тари , приступ 13 мај 2013
Положба Митровац до 1956 година бил скоро ненаселено место кога група природоници од Академијата на науките го одбрала за идно детско летувалиште порадистабилната клима, чистот воздух, големиот број на сончеви часови и особено „роза на ветровите”. Имено на Митровац постојано пирка поветарец донесувајќи чист воздух.
Населбата плански е изградена во 1979 година како туристички центар, на Митровац постои детско одморалиште, шест павилјони со 600 легла, изградено од 1977 до 1979 година, Спортскиот камп „Митровац”, Авантуристички адреалин парк, рекреативна жичара Тисово ридот-Митровац и Репушњак-Митровац, Центар за спортови на вода „Еезеро Заовине”, стадион, викендици за одмор и ловечки дом. Од останати услужни објекти во населбата се наоѓа објект за изведување на културни и туристички манифестации - Центар за посетители на НП Тара (со сувенирница, инфо-пулт, природничка и етно-поставка), пошта, етно ресторан Кчара и др.
Туристичка зона на Митровац Туристичката зона на Митровац, дефинирана е со Просторен план за подрачја со посебна намена во НП Тара и Мастер планот за развој на туризмот за планината Тара. Опфаќа простор од Заовинското езеро на југ, преку Митровац, до туристичката зона и Перуќачкото езеро на север. Оријентирана е кон развој на рекреативниот туризам, насочен кон ученичката популација.
Во непосредна близина на Митровац се наоѓа Природниот резерват од прва (највисока) категорија Црвени поток, а во рамки на него „Тепих ливада“.
Исто така во рамки на Митровац е и Селска училница на бувот.
Во близина на Митровац се езерата: Акумулација – Езеро Заовине (7 км), Езеро Перуќац (12 км)
Видиковци: Ђавоља стена, (македонски јазик Ѓаволска карпа) (7 км) Козја стена, (македонски јазик Козја карпа) (7 км)
Овде се наоѓа Спомен-чешма Митровац.
Галерија
Поврзано Центар за посетитли на НП Тара на Митровац Камп на млади чувари на природата Бесеровачки Бари
Литература
Наводи
Надворешни врски Митровац на Тара - мрежно место www.tara-planina.com За Митровац од мрежното место Tara.rs Митровац на Тара - мрежно место www.tara-zaovine.com Митровац на Тари Виртуелна шетња, видиковци, Тепих ливада
Категорија:Туризам во Србија Категорија:Национален парк Тара