Бистерна — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 112, ISBN 9789989101069
Местоположба
Наоаѓалиштето се наоѓа на 500 метри северозападно од селото Прдејци, во плантажите на „Вино-југ“ од Гевгелија.
Историја
Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Опис
На површина од околу 2 хектара се откриени делови од овални јами со пречник од 1,5-2 метри и длабочина од 0,80-1,20 метри, во кои се најдени фрагменти од керамички тави со груба фактура и рачно работење, како и камени и кремени орудија. На поголем дел од наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, архитектонска пластика, а најден е и дел од надгробна стела. Исто така, пронајдени се и траги од објекти градени од кршен камен и тегули, поврзани со варов малтер, мозаични подови, ќерамички тубулуси и суспензури. Во долниот дел на плантажата е откриена и поголема еднокорабна црква со траги од фрескоживопис. Масивните ѕидови на објектот се градени од кршен камен и варов малтер.
Поврзано Ветка Црква — сакрален објект од римското време; Колник — старохристијанска базилика; Прдејци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; и Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Прдејци