Културален феминизам е феминистичка теорија која е посветена на создавање на одделна и радикална култура на жени. Шарлота Перкинс Гилман смета дека треба да се создаде општество на силни жени кои се водат од женски интереси на пацифизам и кооперативност. Културалните феминисти опишуваат како моќната женска култура на музика, уметност, поезија, наука и медицина ќе бидат антиавторитарни и антиструктурни. Тоа ќе биде култура со феминистички ритуали, симболи и нов јазик. Критичарите тврдат дека културалниот феминизам го игнорира фактот дека женските функции се надополнуваат со машките.

Наводи