Иван Аралица (; р. ) — хрватскаи писател и есеист.

Животопис

Роден е во Промина во близина на Книн, и имал завршено педагошко училиште и Филозофски факултет на Универзитетот во Задар. Аралица работел од 1953 година како учител во рурални места на централна Далмација.biografija

Во почетокот работел во духот на социјалистичкиот реализам, објавил неколку раскази кои не биле вреднувани со високи оценки. Од 1971 година, се вклучува во тогашното политичко движење наречено хрватска пролет. Се залагал за поголема хрватска автономија во Југославија.

Од овој период настанала и промена во неговата литературна преокупација и стилска формација.

Основата и инспирацијата му биле светски познатите автори со стилските - реалистичко фантастични мотиви и раниот модернизам: Иво Андриќ, Томас Ман и Кнут Хамсун.Aralica, Ivan

Од 1979 до 1989 година, Аралица објавил осум романи, кои најдобро можат да се опишат како модернистички контексти со историска фантастика. Најдобриот меѓу нив се смета „Кучиња во чаршија“ 1979. Покрај него се и „Душите на робовите“, 1984 година; „Градителот на преноќиште“, 1986 година; „Шалот на Асмодеус“, 1988 и други и кај сите е присутна комплексна наративна техника која создава драматични настани еден вид на историска аналогија за Хрватска и Босна и Херцеговина од до век, опишувајќи го историскиот жар на Хрватите во „судирот на цивилизациите“ - три вековната борба меѓу Австрија, Отоманското Царство и Венеција за хрватските територии.Nakon povijesne tematike

Аралица успешно совладал многу различни елементи во својата фикција, така што неговите најдобри романи се исполнети со размислувања за суштината на човечкото опстојување, преку бројни натуралистички пасуси интегрирани во сеопфатната христијанска визија за животот каде природното и натприродното се споени во една реалност.autori

Аралица е интелектуална икона на националистичкиот конзервативизам во Хрватска, залагајќи се за враќање кон традициите на „домовинското“ родољубие. Интелектуалците од десната страна ги бранат неговите романи тврдејќи дека се брилијантни политички сатири.

Сè уште е активен пишувајќи во својата осма деценија, Аралица се смета за еден од најдобрите хрватски романисти од втората половина на век.GRADITELJ STRATISTA

Дела „Коњаникот“ (1971) „Опсесии за цртежите на пеколот“ (1977) „Кучиња во пазарот“ (1979) „Патот без сон“ (1982) „Душите на робовите“ (1984) „Градителот на преноќиштето“ (1986) „Шалот на на Асмодеус“ (1988) „Мирисот на расцветаната империја“ (1991) „Трите рози“ (1992) „Мајка Марија“ (1992) „Преплетувачки и разврзувачки јазли“ (1993) „Што реков за Босна“ (1995) „И тука е крајот“ (1999) „Амбра“ (2000) „Фукара“ (2002)

Наводи

Надворешни врски Ivan Aralica

Категорија:Хрватски писатели Категорија:Хрватски есеисти Категорија:Добитници на наградите Владимир Назор Категорија:Членови на Хрватската академија на науките и уметностите Категорија:Живи луѓе