Пол Шујлер Филипс (, р. 28. април 1956 година во Њу Џерси, САД) е американски диригент, композитор и музиколог. Тој е директорот „Гретхен Б. Кимбал“ за оркестарски студии со звање вонреден професор на Стенфордовиот универзитет. Филипс е диригент на Стенфордовиот симфониски оркестар и Стенфордовата филхармонија. Истовремено, тој е директор и диригент за Симфонијата и Хорот на Пионерската долина. Претходно, Филипс беше Директор на оркестарска и камерна музика на Брауновиот универзитет.

Филипс е редовно присутен на меѓународните сцени како диригент и композитор. Неговата истражувачка работа за творештвата на Игор Стравински и Ентони Берџес е особено позната.

Наводи

Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Американци Категорија:Диригенти Категорија:Композитори Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Апсолвенти на Синсинатскиот универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет Категорија:Професори на Стенфордовиот универзитет