Ипсилон Лебед или υ Лебед — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со голо око, со привидна ѕвездена величина од 4,43. Врз основа на годишнта промена на паралаксата од 5,08 mas, се наоѓа на растојани од околу 640 светлосни години од Сонцето.

Станува збор за ѕвезда од B тип на главната низа со ѕвездена класификација B2 Vne. Додавката 'e' укажува дека е Be-ѕвезда, што пак значи дека е брзовртежна ѕвезда околу која има диск од гас. Поседува голема вртежна брзина од околу 230 км/с, што е причината за магловитиот изглед на спектралните линии означени со додавката 'n'. Оддавното подрачје на нејзиниот диск има полупречник од . Ѕвездата воедно се набљудува кон полот, бидејќи недостасуваат спектралните впивни линии од дискот.

Ипсилон Лебед има маса за 9,3 пати поголема од онаа на Сонцето и нејзиниот полупречник е за 4,7 пати поголем од оној на Сонцето. Брзото вртење ја прави ѕвездата да има сплескан облик со истакнато екваторско испакнување што е за 18% подолго од полупречникот на половите. Зрачи со сјај 7.305 пати поголем од оној на Сонцето од надворешната атмосфера при делотворна температура од 22.000 K.

Ѕвездата има промени во сјајноста, вклучувајќи ги тука и краткотрајните пулсирања со периоди од 2,95 и 2,6 на ден, и случајните изблицикои се случуваат во периоди од неколку години. Ова може да се должи со губењето на масата на ѕвездата. Постои сомнеж дека станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда, но досега не е забележан придружник со помош на теочкаста интерферометрија. Измерените промени во радијалната брзина можно е да се предизвикани од придружник кој би имал орбитален период од околу 11,4 години.

Наводи

Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Be-ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, Ипсилон Лебед, 66 Категорија:Тела од Бонскиот преглед 202904 105138 8146